Ако мислевте дека на вас ви е тешко, можете ли да замислите колку се намачила американската глумица околу изборот на подарок за својот сопруг? Што може да му се подари на принц кој има се? Сепак, креативната Меган се досетила на нешто многу интересно!
Навистина е тешко да замислиме како принцот Хари “скока” од радост што за годишнината од бракот добил бормашина, нова вратоврска или парфем. Првата работа веројатно не го интересира, а за останатите две сигурни сме дека ги поседува во огромен број. Но, Меган сепак успеа да предизвика солзи радосници кај Хари, кога му го врачи подарокот за нивната прва годишнина!
Станува збор за нивните свадбени завети, кои таа рачно ги напиша со старовремски краснопис. Многумина не знаат дека Меган, пред да стане глумица, се занимавала со калиграфија. Се работи за уметност на убаво рачно пишување со помош на перо, четка или мастило, којашто во последниве неколку години се врати повторно во мода. Ваквиот начин на пишување особено се користи за изработка на најразлични видови покани.
Хари навистина се воодушевил од идејата на Меган, а на нас ни останува да видиме што ќе добие за втората годишнина од бракот.