Потребни состојки:
Млеко – 4 дл.
Шеќер – 4 лажици
1 кесичка желатин
Шлаг 150 гр + млеко
2 банани
Подготовка:
Одделете 1 дл. млеко (ладно) од 4 дл млеко, па промешајте го желатинот (по можност во плитка тава), а преостанатите 3 дл млеко сварете ги со шеќер. Кога ќе зоврие, тргнете го од оган, истурете го желатинот веднаш, измешајте да се стопи за да нема грутки, а кога ќе се олади ставете го во фрижидер да се стегне (ставете го замрзнувач околу 10 минути), треба да има густина на мед. Потоа изматете го шлагот со млекото па додадете ја мешавината од желатин и банана во шлаг и мешајте со миксер околу 10 минути. На плех за печење наредете ги бисквитите малку натопени во млеко, а потоа истурете го во фил и оставете го во фрижидер да се стегне.