Лековитиот ликер од ореви, стар 90 години, ќе ви помогне за решавање на проблемите со желудникот или тироидната жлезда.
Потребно ви е:
- 18 млади зелени ореви
- 1кг шеќер или мед
- 2л домашна ракија
- 1 портокал
- 1 лимон
- 2 каранфили
- 2 – 4 листови од пелин
- 1 стапче цимет
- 1 ванила стапче
- 5 зрна кафе
- 1 вреќичка ванилин шеќер
- 1 литар бело вино
Подготовка:
Оревите пресечете ги на половина или на четири делови. Потоа измијте ги лимонот и портокалот и пресечете ги на парчиња. Во длабок сад ставете половина од оревите и посипете ги со половина шеќер или мед. Додајте ги лимонот, портокалот, каранфилот, пелинот, ванилата, циметот, зрната кафе и остатокот од оревите и шеќерот. На крајот, целата смеса прелијте ја со ракија и добро измешајте. По 40 дена, мешавината процедете ја и додадете ги виното и ванилин шеќерот. Процедената течност префрлете ја во стаклени шишиња и чувајте ја на суво и темно место.