Рецепт за необична и вкусна веганска пица на која нема да и одолеете !

popara28 октомври, 20202min0
profimedia-0351429044

Вегетаријанската пица за некого може да звучи како оксиморон без сирење, шунка, пршута … Вистина, зеленчукот секогаш останува, но можеби некогаш ви е здодевно со истите комбинации со печурки, домати, тиквички, маслинки … Затоа, решивме да предложиме интересен рецепт за вистинска, здрава и многу вкусна веганска пица.

Пица со тиква и рикота

Состојки:

1 мала тиква

Маслиново масло

Балсамиран оцет

1/2 црвен кромид

1/2 чаша суво грозје

1,5 чаши рукола, спанаќ или мешана зелена салата

Сол и црн пипер

1/3 чаша рикота

За тесто:

1/2 квасец

1/2 кг бело брашно

Неколку лажици масло

Чаша вода

Лажица шеќер

Лажица сол

Рецепта за веган пица - Храна - Jenite.bg

Направете тесто и додека стасува исечете ја тиквата на коцки и извадете ги семките. Ставете го на плех за печење, прелијте со маслиново масло и посипете со сол и црн пипер. Печете на 250 степени 35-45 минути. Додека тиквата е во рерна, ситно исечете го црвениот кромид. Подгответе ги другите состојки – зелена салата, суво грозје и рикота. Расукајте го тестото, лесно премачкајте го со маслиново масло, посипете рикота и потоа додадете печена тиква, салата, суво грозје и кромид. Зачинете со сол и црн пипер. Печете 20 минути, додека состојките омекнат и кората не добие златна боја. Внимателно извадете ја од рерна, прелијте со малку балсамиран оцет и уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag