Ричард Гир и неговата сопруга шпањолката Алехандра Силва станаа родители.
Списанието Hola! вели дека 70-годишниот актер и неговата 37-годишна сопруга имаат син, и дека семејството моментно е со седиште во Pound Ridgeu, место надвор од Њујорк, каде Гир има ранч.
Ова им е второто заедничко дете на овој пар. Минатата година, тие добија син, кој го крстија Александар.
Ричард од бракот со Кери Лоуел има и 20-годишен син Хомер, а Алехандра од претходниот брак има седумгодишен син.
Гир и Алехандра се венчаа во 2018 година, а тој тогаш изјави дека е „најсреќниот човек на светот“.