Пејачот Рики Мартин и неговиот сопруг Џуан Јосеф добија уште едно бебе во октомври минатата година. 48-годишната ѕвезда сега објави фотографии од 5-месечниот син Рен како си игра со прекривката.
На втората фотографија се гледа дека момчето веќе има две долни забчиња.
„Ова е Рен Мартин-Јосеф. Бебето во куќата, напиша гордиот татко кој со својот сопруг го одгледува и 15-месечно девојче Лусија и 11-годишните близнаци Матео и Валентин.
Парот позираше со нивниот новороден син во октомври 2019. година и сѐ досега не го покажаа повторно пред јавноста.