Роден под среќна ѕвезда: За три години добил двапати на лотарија

popara28 јуни, 20201min00
lotarija

Кларк вели дека нема намера да троши пари арогантно, но ќе продолжи да живее тивок, пензиониран живот

Американецот Марк Кларк дури двапати успеа во она што повеќето луѓе не успеваат ниту еднаш во животот, а тоа е да се освојат вкупно осум милиони долари преку лотаријата, 4 милиони во два наврати.

Играта на среќа е наречена така со причина, и се чини дека на овој 50-годишник му оди многу добро. Тој најпрво добил пари преку лозот „греб греб“ пред три години, а билетот го купил сосема случајно, кога точел гориво на бензинска пумпа, пишува Си-Ен-Ен.

Штом тој го изгребал бар-кодот, јасно пишувало „Контактирајте го службеникот“. Вработениот потоа го изструга остатокот од облогата и возбудливо му рече: „Марк, штотуку освои четири милиони долари!“. Како што понатаму наведува Си-Ен-Ен, овој среќен човек се повлекол во пензија многу брзо по наградата.

Сепак, тоа не е крај. Во јуни оваа година, тој реши повторно да игра на среќа, и таа повторно беше на негова страна. Тој ја освои истата сума, 4 милиони долари. Тој вели дека користел паричка за стружење, што му ја дал пред десетина години неговиот, сега починат татко.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag