Пред точно 28 години, домот на Живојиновиќ беше збогатен со доаѓањето на Стефан!
Стефан е прво дете на Лепа Брена, додека нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ го има синот Филип од првиот брак, кого народната дива го прифати како свое дете уште од првиот ден.
Неколку години по Стефан, Брена и Боб добија уште еден син – Виктор. Детството на Живојиновиќ беше обележано со бројни убави настани, но и од помалку убави, што за жал оставија горчлив вкус.
Имено, Стефан беше киднапиран во ноември 2000 година, кога за неговиот откуп се бараа неколку милиони долари. За среќа, сè заврши добро, иако киднаперите до сега не се пронајдени.
Денес, Лепа Брена го честиташе роденденот на Стефан на социјалните медиуми со емотивна порака:” Среќен роденден на нашиот првенец. Од денот кога си роден, донесе посебна љубов и ново значење на мојот живот. Ти посакувам исполнување на сите твои соништа затоа што тоа и го заслужуваш.” Бројни колеги на Брена се приклучија на честитките за Стефан.