
Со ролка, секогаш ќе изгледате трендовски и шик
Ролкуте се дефинитивно неизбежни кога станува збор за сезоната есен-зима. Тие се во тренд со години, а оваа година доминираат на модната сцена. Одлично изгледаат на сите и го истакнуваат лицето во вистински план.
Ова парче, секоја жена со стил, мора да го има во својот гардеробер затоа што може да се носи на безброј начини и во безброј пригоди. Лесно ќе се вклопи во најобичниот стајлинг, но и во празничните комбинации. Одлично оди со здолништа, фармерки, па дури и тренерки.
Ова парче дава толку многу можности за комбинирање, па затоа не е изненадувачки што повеќето жени го сакаат. Ролките убаво ќе нѐ загреат во студените денови, а истовремено изгледаат апсолутно тренди и моќно.
Пронајдовме неколку стајлинзи во кои акцентот е ставен на ролката, а што сигурно ќе ве инспирира за следната комбинација на облека. Погледнете ги овие фотографии и сигурно ќе најдете нешто по ваш вкус:









