Роналдо фрла во делириум: „Тој е олицетворение на божеството и совршенството“

popara7 ноември, 20201min0
2019-10-08_11_302019-10-08_11_2920191009_Las-dietas-y-rutinas-de-CR7-y-otros-5-futbolistas

Обожавателките воодушевени

„Тој е олицетворение на божеството и совршенството. Не можам да ги тргнам очите од неговите обликувани раце и секси торзото. Кога би можела да бидам затворена со него 24 часа “, е само еден од коментарите на последните фотографии на 35-годишниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо.

Еден од најуспешните спортисти на денешницата беше фотографиран од фоторепортерите минатиот викенд во пресрет на натпреварот на Јувентус против Специја, додека се подготвуваше да влезе на теренот. Фотографиите на Кристијано во долна облека го обиколија Светот, а со своето исончано, мускулесто тело, што е резултат на неколкучасовен дневен тренинг, тој повторно измами воздишки од припадничките на понежниот пол. Иако влезе во игра дури во 56-та минута, само три минути подоцна го постигна првиот од двата гола во играта. Инаку, Роналдо отсуствуваше на тренинзите три недели поради позитивен тест за коронавирус, а поголемиот дел од времето го мина во изолација во домашната теретана. „Неговиот најголем страв е да не испадне од форма, а така беше и овој пат. Тренираше три пати на ден без оглед на треската. Тој сака да остане на врвот, а тоа го докажува со своите постапки и голови “, изјави извор близок на фудбалерот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma