На сите ни е јасно дека Џорџина Родригез е една допадлива дама која секојдневно се труди да ни го докаже тоа. Така, таа објавила уште една нова фотографија во која е во полн сјај.
На фотографијата, освен убавата Џорџина која е во преден план, можеме да забележиме дека го има и славниот фудбалер, кој се вгнездил меѓу нејзините бутови.
Фотографијата нема никаква неприкладна содржина- Роналдо само се наместил за да може Џорџина да му ја среди фризурата.
-Сакам да ја мазам мојата љубов. Денес ќе правиме плетенки со корен (овој модел знае да биде мирен)- напишала избраничката на Роналдо.