Експерти на рускиот национален научен центар за епидемиологија и микробиологија “Гамалеј” , ја тестирале на себе вакцината против Covid 19 и велат дека експериментот успеал бидејќи нема никакви негативни ефекти, изјавува денес директорот на овој центар, академик Александар Гинцбург.
Гинцбург за Интерфакс изјавил дека после испитувањата на вакцината, сите се живи, здрави и се радуваат, додавајќи дека вакцината на себе ја тестирале и пронаоѓачите на вакцината и организаторите на доклиничките испитувања и технолози.
Во моментов, вакцината официјално се наѓа во финалниот стадиум на доклинички испитувања и се тестира на мајмуни.
Веднаш штом се појават тестовите од испитувањето на мајмуните, Центарот ќе испрати барање за дозвола до Министерството за клинички испитувања. Потоа ќе започне официјалното испитување на доброволци, објаснува Гинцбург.
Наведува дека клиничките испитувања на вакцината против корона вирусот можат да бидат завршени до крајот на летото.