Недоволната количина на протеини може негативно да влијае на производството на антитела на коронавирус
На сите кои примаат вакцина против КОВИД 19, руските медицински експерти препорачаа консумирање храна богата со протеини, бидејќи нивниот недостаток, како и стресот, можат негативно да влијаат на производството на антитела.
Луѓето кои примаат вакцина против КОВИД 19 треба да јадат повеќе храна богата со протеини, бидејќи недоволно протеини можат негативно да влијаат на производството на антитела кон коронавирус – изјави Александар Гинтсбург, раководител на рускиот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, кој разви „Спутник В“ Вакцината.
„Количината на храна богата со протеини, односно количината на протеини во исхраната, има големо влијание врз производството на антитела. Производството на антитела е процес што троши многу енергија, така што внесувањето месо, но не и маснотии, има сериозно влијание на тоа“, објасни Гинтсбург.
Тој додаде дека луѓето кои биле вакцинирани треба да се фокусираат на конзумирање на високо квалитетни протеини, а според руски научник, количината на храна богата со протеини консумирана во една земја покажува не само колку е богата таа нација, туку и колку е силен нејзиниот колективен имунитет.
Меѓу факторите кои можат негативно да влијаат на производството на антитела, научникот ги наведе алкохолот и стресот.
„Сите форми на стрес можат значително да го намалат бројот на антитела“, на крајот нагласи Гинтсбург.