Сѐ уште не ги оставивте цигарите?! Ние ви нудиме решение

popara31 мај, 20201min00
GettyImages-1140487599

Размислете за тоа колку штета му наненсувате на вашето здравје, затоа што секој дим којшто ќе го повлечете, му штети на вашето и на здравјето на луѓето околу вас.

За да истраете во намерата да се откажете од овој порок, многу е важно да се држите до она што ви е најдрагоцено.

Не постои личност којашто не може да престане да пуши, потребна е само јака желба и добар мотив. Ако се двоумите и целиот процес ви делува како невозможна мисија, можеби разговорот со доктор Софија Вукадиновиќ ќе ви биде од корист.

Околу 6% од пушачите успеваат самостојно да се ослободат од оваа навика, а дури 60% го постигнуваат тоа со посебна програма и професионална помош.

  • Каков вид на програма ќе се употреби многу зависи од самиот пациент, дефектологот и резултатот од тестовите. Во рамките на програмата, на пациентите им се даваат детални и исцрпни објаснувања за штетноста на никотинот и цигарите, како и за најбезбедните и најефикасните мерки за откажување од истите. Програмата трае 7 дена, а успехот на проектот изнесува 60%.– вели доктор Софија Вукадиновиќ.  

Во програмата за откажување од пушење цигари се пријавуваат и средношколци, студенти, трудници и  пензионери.

Зависноста од никотинот може да се спореди со зависноста од хероинот и во текот на откажувањето можно е да се појават апстиненцијални кризи.

Доктор Софија Вукадиновиќ додава и дека пушачите се зависници кои тешко ги менуваат своите навики, поради страв, емотивни и психолошки проблеми..Цигарата им влева доза на сигурност, им помага да се ослободат од стресот, паниката и стравот.

Пушењето е задоволство кое убива и предизвикува 28 нови заболувања. Во димот од цигарата нема ниту една корисна материја, а штетни има повеќе од што сакате да слушнете. Во нашиот организам не постои ќелија којашто цигарите ќе ја поштедат. Дали тие ужасни последици од пушењето ќе се манифестираат во рак на белите дробови, желудникот, дебелото црево, панкреасот, грлото, бубрезите…зависи од тоа колку сте имале среќа.

  • Колку планот за откажување од цигарите ќе биде успешен, зависи од бројни фактори, вклучувајќи ја и емоционалната стабилност на личноста, нејзините навики и опкружување. – заклучува доктор Софија Вукадиновиќ.   
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag