Во последниве месеци постојано се зборува како треба да останеме дома, а тоа значи дека имаме многу време за гледање на филмови и серии. Фановите на делата на Џ.К Ролинг веројатно ќе го искористат времето за повторно гледање на сите осум “Хари Потер” филмови, а некои ќе ги додадат и двете продолженија на “Фантастични ѕверови”.
Тврдокорните фанови сега можат да бидат платени за своите омилени филмови. Интернет страницата EDsmart, навистина го бара вистинскиот фан наречен Потерхед, кој во еден здив ќе ги изгледа сите 10 филмови. Како награда кандидатот ќе добие 1000 долари, плус сувенири во вредност од 200 долари, како и сите филмови во Блу-реј.
Избраниот кандидат не мора да биде само излуден фан, туку во текот на гледањето мора да биде активен на социјалните мрежи и да го коментира своето гледање со одреден хаштаг. Исто така, кандидатот мора да биде постар од 18 години.
Подготви се за гледање кое ќе трае повеќе од 24 часа, колку што вкупно траат сите овие 10 филмови. А според пресметките излегува дека ќе биде платено по 41 долар на час. Пријавувањето трае до 15 мај!