Српскиот астролог Милан Кампонески во повеќе наврати го најавил следново: во март 2020 ќе дојде до криза во економијата, туризмот, индустријата на храна и ланците на снабдување и ќе настане огромна криза. Според неговите кажувања во декември 2018 година и во септември 2019 година, ова ќе настане изненадно, во потполно неочекувани околности.
На 13 декември 2018 година рекол дека Уран во Бик комплетно ќе го смени односот кон материјалните вредности, банките, ланците на ресторани и тн.
Самоодржливоста и индивидуализмот ќе бидат клучни зборови во следната децениоја и целиот наталожен капитал ќе има проблем со одржувањето. Тоа значи дека одредени поединци ќе имаат повеќе можности отколку некои корпорации
– Иако не знаев дека причина за оваа промена на Уран ќе биде вирус, суштината останува иста. На 9 март берзата на Волстрит забележа голем пад од дури 7%, што претставува најголем пад во последните 12 години. Луѓето не одат во трговските центри, тие се дури и затворени, се снабдуваат проверено, локално, туризмот и хотелиерството трпат големи загуби- рекол Милан.