
Еден руски фотограф со дрон го фатил името на Владимир Ленин испишано со големи букви од борови и елки.
Рускиот фотограф морал да го активира дронот за да може да ги фотографира огромните букви направени од борови дрвја и елки кои го испишуваат името Ленин во Сибир од висина од 300 м.
Одејќи меѓу дрвјата, не би ни помислиле дека тие се засадени во форма на нечие име. Но, од воздухот, дрвјата ја покажуваат вистинската слика.
Посебната шума во чест на водачот на Руската револуција ја создадоа советските граѓани во средината на 1970-тите во регионот Омск, односно во југозападниот дел на Сибир во близина на градот Тјукалински.