Филмскиот продуцент и поранешен партнер на британската актерка Лиз Харли, Стив Бинг, се самоуби вчера во Лос Анџелес.
Бинг скокна од прозорецот на својот станот на 27от спрат од зграда во Лос Анџелес, наводно заради депресијата во која паднал поради неколкунеделната изолација заради Коронавирусот, јавуваат сите светски медиуми. Неговото богатство се проценува на 590 милиони долари.
Тој и неговата поранешна сопуга, Лиз, го имаат 18 годишниот син, Демијан. Судските документи од пред две години наведуваат дека Демијан никогаш не го запознал својот татко.
Бинг ги продуцираше филмовите “Polar Express”, “Shine a light”, “Kangaroo Jack” и многу други.