Кара Делевињ порано ги инвестирала своите милиони во недвижнини ширум светот, а сега тоа го прави и со семејните пари.
Кара Делевињ (27) ја стави во втор план својата манекенска кариера и реши да се вклучи во семејниот бизнис.
Имено, според „Mirror“, Кара станала директорка на Харви Вајт Недвижнини, бизнисот кој го води заедно со нејзините две постари сестри Попи и Клое и нивниот татко Чарлс.
Делевињ е позната по разумното располагање со своето богатство од 28 милиони долари и секогаш внимава да се придржува кон даночните правила. Според „Mirror“, Кара неодамна купила луксузен имот во округот Кенсингтон, еден од најбогатите делови на Лондон.
„Секој знае дека купувањето недвижен имот е најдобрата долгорочна инвестиција, а таа ужива да го прави тоа“, изјави извор за „Mirror“. Според извештаите на британските медиуми, Кара и нејзината сестра Попи во 2017 ја купиле вилата што ја поседувал актерот Џаред Лето, па и ја реконструирале.
Патем, Делевињ, според американските медиуми, неодамна се разведе од актерката Ешли Бенсон по само една година брак.