“Размилував да ги соберам сите добри луѓе и да купам голем остров”
Роби Вилијамс требал да купи остров, каде што тој и неговото друштво би ја испратиле 2020 година. Во средина на “најчудната година на планетата”, Роби е во потрага за одмор од пропастa и мракot па размислува за купување на остров.
Смета дека единствен начин да помине покрај овие тешки времиња е да собере повеќе “добри луѓе” и да се повлече на Вилијамсовиот приватен остров.
“Размилсував да ги соберам сите добри луѓе и да купам голем остров и да имам “остров со добри луѓе”, пренесува Mirror. ”2020 изгледа како најчудната година на планетата- застрашувачки работи се случуваат. Не барам нормалност, сигурноста би била добра, нормалноста е преценета.”
Исто така, тој планира островот да го претвори во база на набљудување на NLO. Моментално Роби е во Лос Анџелес во карантин заедно со неговата сопруга Ајда Филд и децата Теодора, Шарлтон, Колет и Бју.
Тој додаде дека снима нова песна додека заедно со семејството се затворени, а се спрема и дует со рапер кој не го именуваше. Иако е благодарен дека толку време поминува со Ајда и децата, тој изјави дека претрпел одредено ниво на вознемиреност поради работата кој му недостигала за време на карантинот.