Деми Роуз на Инстаграм објави видеа кадешто е целосно гола во базенот.
Манекенката Деми Роуз (26) повеќе од еден месец ужива на шпанскиот остров Ибица, а секој ден оди чекор понатаму со голотијата.
Деми, која се прослави со своите изразени облини и фотографии со минимална облека, имаше малку проблем со поставувањето на лежалката во луксузниот хотел. Кога го реши ова, таа се испружи на стомак и ја истакна бујната позадина во танга.
Роуз цело време правеше селфи и ја проверуваше својата фризура за никој случајно да не ја сними неуредна. Манекенката се сончаше со шминка на лицето, а потоа изненади објавувајќи видео на Инстаграм.
Имено, таа на Инста стори објави видеа во кое е целосно гола во базенот. Ова сигурно ги воодушеви нејзините бројни следбеници, кои бројат 14,4 милиони и не можат да се заситат од нејзините голи објави.