Се појавија документите за развод на Меган Маркл и принцот Хари?

popara7 април, 20201min00
меган и хари

Oткако поранешната актерка, 38-годишната Меган Маркл, се омажи за три години помладиот британски принц Хари во мај 2018. година, јавноста не престана да шпекулира за голем број теории на заговор со кои тврдат дека Меган одлучила да се омажи со Хари само за да го уништи кралското семејство и да оствари материјален профит. Откако парот, во јануари оваа година официјално објави  дека се повлекува од сите кралски должности и продолжуваат да живеат во Америка заедно со 11-месечниот син Арчи, многу теоретичари „дојдоа на своето“ тврдејќи дека ова е доказ за големиот план на Меган за кој зборуваат од самиот почеток. Сепак, иако за ништо од горенаведеното нема докази, списанието „Women’s Day“ оваа недела отиде чекор понатаму, тврдејќи дека се познати деталите за големиот развод на војвотката и војводата од Сасекс.

„Се појавија документи за разводот на Меган Маркл и принцот Хари?“, е насловот на последната насловна страница на споменатиот магазин. „Не можете да ми кажете дека ова не беше нејзиниот план од самиот почеток. Таа ги донесе Хари и Арчи во Америка за да може да продолжи со нејзиниот славен живот, а најстрашно е што Хари го има на дланка – тие се во Америка, далеку од неговото семејство и во земја каде што таа е целосно во предност кога станува збор за законите и правата ‘, изјавил изворот.

Сепак, иако стои цврсто зад своите тврдења, „Women’s Day“ во ниту еден момент не достави конкретни докази за наводниот развод, па обожавателите на кралското семејство, оваа вест ја сфатија како заговор, обидувајќи се да го уништат угледот на сопругата на британскиот принц.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag