Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото покажа и случајот со латино дивата Џенифер Лопез и нејзината мајка Гвадалупе Лопез, со која пејачката ја сними најновата модна кампања за брендот „Coach“, а во која учествуваа и нејзините близнаци.
Главните sвезди на најновата модна кампања за „Coach“ се 51-годишната Џенифер Лопез и нејзината 74-годишна мајка Гвадалупе Лопез, која, исто како и нејзината ќерка, изгледа исклучително младолико. А, со нив се појавија и 12-годишните близнаци Ема и Макс, па кампањата беше комплетирана преку три генерации на едно семејство.
На фотографиите, објавени на официјалниот профил на „Coach“ на Инстаграм, Џенифер и нејзината мајка уживаат на вечера на врвот на планината со своите деца, а многумина забележаа дека тие две повеќе личат на сестри отколку на мајка и ќерка.
„Како изгледа модерното семејство? Нема официјална дефиниција. Не станува збор за совршенство, туку за прифаќање, каде што секој може да биде она што е, без да се крие “, вели Џенифер Лопез во видеото снимено за кампањата.
Инаку, пејачката е крајно блиска со нејзината мајка, која ја воспитуваше, но и другите две ќерки Лесли и Линда, заедно со нејзиниот сопруг Дејвид Лопез во Бронкс. Џенифер Лопез никогаш не криела колку ѝ значи мајка ѝ, а еднаш и оддаде почит на Инстаграм со зборовите:
„Луѓето често ме прашуваат од каде ја добив таа енергија, начинот на возење, начинот на кој танцувам … добро, знаете … Гвадалупе … мајка ми … колку што се сеќавам, таа секогаш танцуваше, се смееше и ја развеселуваше секоја соба во која би се нашла. Таа е дефиниција за младост и нестареење … отсекогаш сакала музика и филмови, особено мјузикли, а верувала и во вистинска љубов … Сето тоа го наследив од неа … и затоа сум и јас подобра.“