Се прашувате како ќе изгледа Дејвид Бекам кога ќе остари? Ова е идеална можност да дознаете!

3 декември, 2020
1360770


Жестокиот борец против маларија, поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, за целите на новиот промотивен спот кој поттикнува излекување на што е можно повеќе луѓе од оваа заразна болест, се препушти на режијата, која го прикажа скоро 30 години постар


Ако некогаш сте се прашувале како ќе изгледа славниот заводник Дејвид Бекам во старите денови, сега имате шанса да дознаете. Имено, за потребите на новиот хуманитарен промотивен спот, Давид се препушти во рацете на експертите, кои дигитално го пренесоа во далечната иднина.


Тие го покажаа на 70-годишна возраст, со сива боја на косата и брадата и со бројни брчки на лицето. Кампањата за борба против маларијата со име „Маларијата мора да умре за да можат да живеат милиони“, брзо се најде во сите светски медиуми и го привлече вниманието на јавноста.


Спотот е дизајниран да го прикаже Бекам во 2050 година, кога маларијата, наводно, целосно исчезнала од Земјата тоест на никој не му се заканува инфекција од неа.


‘Борбата против маларијата е исклучително важна за мене. Јас го доживувам многу лично затоа што влијае и убива претежно деца и млади луѓе. Значи, мислам дека имаме можност да сториме нешто за да се промени тоа во текот на нашите животи“, рече 45-годишниот поранешен фудбалер. Бекам се приклучи на фондацијата „Malaria no more UK“ уште во 2009 година и оттогаш редовно ја поддржува.