Ѕвездата на акциските филмови Долф Лундгрен не мирува ниту дур е во карантин. Поради затворањето на теретаната, тој е принуден да тренира дома, а благодарение на искуството, тоа не му претставува проблем. Користејќи минимална опрема, Лундгрен прави кружни вежби кои му помагаат да ја одржи линијата и мускулната маса на завидно ниво. Тој секоја вежба ја повторува 15 пати и не игнорира никаков дел од телото, што е потврдено со видеото што го објави на Инстаграм за да ги мотивира своите следбеници да го следат неговиот пример.
Овој 62-годишник е запаметен од многумина за улогата на Хи-Ман во филмот Masters of the Universe во 1987 година. Тој подоцна отелотвори бројни други херои, меѓу другите, појавувајќи се во четвртото продолжение на Роки, каде беше Иван Драго.