
Карди Би и Офсет неодамна објавија дека раскинуваат, а пејачката сега објасни дека премногу се расправале и затоа на нивната љубов и се дојде крајот.
Пејачката Карди Би призна дека не пуштила ниту солза откако објави дека се разделува од сопругот Офсет по три години брак. 27-годишниот рапер поднесе барање за развод, што воопшто не ја вознемири.
“Ви благодарам на сите за вашата поддршка, иако навистина не ми треба. Добро сум. Само сакам да ви кажам дека не сум заплакала ниту еднаш”, им порача Карди Би на фановите на видеото во живо на Инстаграм. Таа исто така истакна дека раскинувањето не било поради неговото неверство, како што се шпекулираше последните денови.
Пејачката и нејзиниот сопруг раскинаа затоа што постојано се расправаа. “Уморна сум од расправијии. Уморна сум од тоа што не можеме да се согласиме за ништо. Имам чувство дека сум уморна од луѓето”, рече пејачката.
Карди Би и Офсет раскинаа накратко пред две години, но неколку месеци подоцна потврдија дека се повторно заедно. Тие ја добија ќерката Култура Кијари Цефус и неодамна изјавија дека ќе се обидат да одржат добри односи поради девојчето.