Се соблече и позираше ГОЛА како Џеј Ло, урнебесната фотографија насмеа 600.000 луѓе (ФОТО)
30 ноември, 2020
Австралијанската актерка и комичарка Селесте Барбер пронајде нова доза на инспирација во разголеното видео на Џенифер Лопез.
За разлика од целосно голата Џеј Ло, Селесте ги остави гаќичките и како латино дивата ги покри градите со рацете.
Фотографијата ја сподели со своите 7,5 милиони следбеници на Instagram.
„Јас сум оваа десно“, објасни таа.
Фотографијата собра 657 илјади лајкови и бројни коментари.
„Чекав да го направиш ова“, коментираат некои.
Селесте е позната по своите иронични и смешни имитации на совршени, понекогаш нереални фотографии од познати личности, а скоро секој ден покажува како „обичните“ луѓе би изгледале во апсурдните пози на славните.