
Младата македонска пејачка Барбара Поповиќ вчера славеше роденден, па на социјалните мрежи се редеа многу роденденски честитки за неа.
Таа на Инстаграм објави и фотографии во бикини кои ја истакнуваат нејзината витка става и бујните облини.
Погледнете:
Инаку пред две години во медиумите проструи и веста дека пејачката била во тајна врска со својот колега Александар Тарабунов кој е постар од неа 11 години.
Поповиќ во 2013 година ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија со песната „Охрид и музика“, каде го освои последното место.