Кејт Бланшет (49) е една од најплатените актерки во светот, а во 2007 и 2008 година важеше за една од највлијателните 100 луѓе во светот. Добитник е и на оскари за улогите во „Авијатор“ и „Несреќната Џасмин“.
Таа е во брак со драмскиот писател Ендру Аптон со кој сезапозмале во 1996 година на сетот на едно ТВ шоу, а се венчале после само 3 недели.
„Продолживме да се дружиме, и една вечер додека игравме покер незнам како но се пољубивме. Три недели подоцна ме побара за жена и тоа беше најромантичниот момент во мојот живот“ – изјавила актерката.
Тие имаат 4 деца, три сина и една посвоена ќерка. Првиот син Дешијел е роден во 2011 година, вториот Роман Роберт во 2004 година и Игнејшс Мартин во 2008 година, додека во 2015 ја посвоиле Едит Вивијан Патрисија.
Тие живеат надвор од очите на јавноста односно прво во Англија во градчето Брајтон, а потоа се преселиле во Астралија во куќа во Сиднеј за да повторно се вратат во Англија и купат вила во Сесекс, подалеку од размазениот холивудски живот.