Северина и Игор Којиќ дефинитивно се разведуваат, и тоа заради базенот на Кеба!
Како што се шпекулира, сè започнало кога Северина побарала да се реновира куќата на Кеба, поточно базенот и истиот да се наполни со морска вода.
За време на пандемијата, семејтвото на Којиќ ја примило Северина во својата куќа и и било кажано да се чувствува како дома. Веројатно Северина го сфатила тоа буквално.
Во првите неколку дена сè било во ред, но потоа почнала со барања кои станувале сè поголеми, а тогаш веројатно на Којиќи им пукнал филмот.
Кеба му кажал на синот да ја смири малку сопругата и тука настанал хаосот меѓу сопружниците.
Кратко после тоа Северина ги спакувала своите работи, ја напуштила куќата и заминала за Хрватска каде што сама го прославила 48 роденден, а со Игор не се видела 21 ден.
Иако и претходно тие двајцата имале чести кавги, се чини дека овој пат работата е навистина сериозна.