Познатиот моден дизајнер веќе донираше парични средства за борба против короната, а сега одлучи дека сака да им се “одолжи” на некој начин на медицинските работници, хероите кои се борат против короната.
Еден од најпознатите светски дизајнери Ралф Лорен, откако донирал 10 милиони долари за борба против пандемијата на корона вирусот, одлучил дека на хероите од првите борбени редови кои секојдневно се борат со корона вирусот, ќе им подари 1,5 милиони парчиња гардероба.
Меѓу подароците ќе бидат свечени тоалети, одела, дуксери, тренерки, маици, џемпери, фармерки…
Тие ќе бидат донирани преку добротворните мрежи и преку партнери на компанијата Ралф Лорен, која меѓу останатото е насочена и кон поддршка на онколошките одделенија откако на дизајнерот му е излечен тумор на мозокот.
“Со овој мал гест а со длабока благодарност, го препознаваме неуморниот труд на нашите локални здравствени работници”, наведено е на Инстаграм профилот на Ралф Лорен, компанијата која во текот на пандемијата донирала и 250000 маски и 25000 заштитни одела.
Ралф Лорен (81), роден како Ралф Лифшич, без било какво школување за моден дизајн, од 1967 година, создал 11 модни брендови, отворил повеќе од 1000 продажни салони, четири ресторани и основал филантропско здружение.
Неговото име потпишува дресови на шест олимписки тимови, а покрај тоа, тој сеуште создава кравати со кој всушност и започнал.
Неговото богатство е проценето на 6,9 милијарди долари.