Секс со бившиот?!- Само под одредени услови!

popara1 јуни, 20201min00
seks

Ова многу потсетува на тој стар пар патики, на кои постојано се сопнувате затоа што не успевате да се убедите да ги фрлите. Тие се распаѓаат и ако не се ослободите од нив наскоро, ќе се распаднете и вие со нив. Од друга страна, тие се толку удобни, познати за вас и не постои можност тие да ве повредат. Па, дали размислувате да започнете авантура со својот поранешен партнер, барем уште еднаш, или веќе имате цврст став за ова прашање?Ако се премислите за ова и не сте сигурни за вашата одлука, се надеваме дека ќе ви помогнеме барем малку. Постојат неколку работи што треба да ги знаете пред да започнете авантура со својот поранешен партнер.

Психолозите тврдат дека луѓето започнуваат авантури со поранешните партнери од три причини:

-Првото е затоа што им се допаѓа фактот дека некој со кој веќе имаат раскинато сеуште ги посакува

-Второто е затоа што се на позната територија

-Третото е затоа што тие се надеваат дека авантурата ќе доведе до обновување на старата врска

На крајот на краиштата, од вас зависи како ќе влијае сексот со вашиот поранешен партнер. Некои ќе сметаат дека е грешка, за други тоа ќе биде добар начин да се стави крај на целата работа, а некои ќе се двоумат. И додека некои ќе можат да продолжат после сексуалниот однос со својот поранешен партнер, други ќе се обидат да го спречат тоа. Значи, пред да го повикате вашиот поранешен партнер или да одговорите на неговиот повик, препорачливо е да се разгледаат позитивните и негативните елементи од оваа постапка.

Позитивни страни:

-Можете да ги ублажите лошите чувства. Ако сексот е пријатно искуство за обете страни, во оваа комбинација сексот може да ја ублажи негативноста предизвикана од раскинувањето

-Може да биде многу примамливо. Имено, тоа е нешто што добро го знаеме, но во сосема различни околности

-Може да доведе до промена во начинот на кој ја гледаме друагта личност. Сигурно е дека раскинувањето ќе доведе до затегнат однос, но повторната интимност може да ја промени перспективата што ја имаме

-Претставува безбедна зона. Вие ја знаете целосно таа одредена личност и таа сигурно ве познава. Затоа, нема изненадувања во креветот и врвот е загарантиран

Негативни страни:

-Може да доведе до емоционална поврзаност и тоа е лошо за вас. Фактот дека веќе поминавте низ болно раскинување е доволен сам по себе

-Може да доведе до серија помирувања и прекини. Мал број парови сакаат да се вратат во врска после овој вид на секс. Сепак, проблемите што не можевте да ги надминете порано, ве чекаат дури и сега, со таа разлика што веќе сте решиле да ги разделите заради нив. Уште еднаш сте разочарани, запрашајте се дали сакате повторно да бидете

-Може да отвори стари рани. Сексот со својот поранешен е ризичен исто така затоа што може да ве потсети на старите кавги и на тој начин да предизвика негативни чувства

-Може да доведе до проблеми со нов партнер. Иако сексот со бивш е опција која почесто ја избираат луѓе кои не се во нова врска, честопати се случува еден ако не и двајцата партнери веќе имаат некој нов, и тие се впуштаат во ваква авантура

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag