Секс за време на менструација: кои се предностите и мааните

popara2 јуни, 20202min00
imageedit_72_2983653584

Водењето љубов за време на менструација е табу за многу парови и оваа тема секогаш предизвикува поделени мислења. Но од страната на науката, има многу истражувања кои покажуваат дека околу 20 проценти од луѓето практикуваат секс за време на менструација, а дури и повеќе од 50% од мажите и жените немаат ништо против тоа.

Секако, секогаш треба да се има во предвид дека сѐ си има свои маани и предности, а секој одлучува дали нему му одговара или не. Издвоивме неколку од нив да ви помогнеме да одлучите:

  • Предности

Лекарите велат: зошто да не?

„Ако на жените сексот за време на менструацијата им е удобен и не чувствуваат болка – тоа е сосем природна работа.“ вели докторката Тара Рид од Медицинскиот центар за женско и сексуално здравство во Њујорк. Таа додава дека нема потреба за грижи околу зголемена количина на крв, или ако е потемна на изглед, бидејќи е тоа сосема нормално, но ако ви е страв, правете го тоа после вториот ден.

Помага со грчевите и болката

За време на оргазмот, телото ослободува еднорфин и допамин кои делуваат како природни аналгетици.

Голем број од жените имаат поголемо либидо во тоа време

Кај жените со уреден менструален циклус, во третио ден од циклусот обично расте нивото на хормоните тестостерон и естроген, кои управуваат со сексуалната желба. Поради ова кај голем број од жените либидото се зголемува во овие денови.

  • Маани

Неуреден е. Реалноста е дека при водењето љубов за време на менструација ќе има повеќе дамки од крв, и поради тоа се препорачува да го правите под туш или на кревет, но покриен со пешкири.

Ограничени пози

Поради крварењето, најчесто се практикува мисионерската поза во која мажот е од горе, а жената е доле – во по статичната позиција.

Не штити од бременост

Голем број луѓе погрешно мислат дека за време на менструацијата нема ризик од бременост, а тоа особено се однесува на жени кои немаат уреден циклус. Вистината е дека иако е помал ризикот, сепак постојат шансите за бременост и не треба да се ризикува ако сакате да го избегнете тоа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag