Сексуална пирамида: Каков секс треба да практикувате?

popara9 јули, 20201min00
4

Различните стилови на секс ќе ја разбијат монотонијата во спалната соба, ќе исполнат многу ваши физички и емотивни потреби и ќе ви пружат можност сексуално да се развивате како интимна двојка. За таа цел, постои т. н. пирамида на сексот, која вклучува различни видови водење љубов во вашиот репертоар.

Лежерното истражување на вашите тела, без оглед дали ќе заврши со секс, ќе ви овозможи повторно да ја зацврстите вашата врска. Сето тоа придонесува за исполнување на заедничките желби и потреби кои ќе доведат до емоционална близина во текот на сексот. Ако го поминете времето во креветот без притисок да постигнете оргазам, можеби повеќе ќе го почитувате самиот сексуален акт. Направете сè за да се чувствувате поблиски, бакнувајте се, смејте се, поделете тајна која никој не ја знае.

Авантуристичкиот секс подразбира се она што излегува од рамките на вашата рутина, без оглед дали станува збор за нова положба, секс под туш или облекување секси костими. Овој вид на секс се наоѓа на средината на сексуалната пирамида. Ако направите нешто поинакво, ќе ја зголемите својата самодоверба и ќе се инспирирате почесто да излегувате од зоната на комфорот. Во сексот вреди правилото: колку повеќе сакате секс, толку почесто ќе сакате да го практикувате. Многу жени сакаат да експериментираат со својот партнер, но не се сигурни како да ја наметнат таа тема. Тие сметаат дека ќе изгледаат непримерно или дека ќе бидат осудувани.
Најбезболен начин е да му соопштите на партнерот дека тоа сте го прочитале во некое списание или книга и понудете му да ги испробате новите сексуални игри.

„Електричниот“, односно брзиот, жесток секс со многу кратка предигра е одличен за вработената жена која жонглира меѓу работата, децата и домашните обврски. Затоа, сексот на брзина е совршено решение за жената чиј распоред е преполн. Исто така, тој е забавен, ефектен начин да му покажете на партнерот дека вашата врска сè уште е многу важна за вас. Затоа, наместете го будилникот 15 минути пред да се разбудат децата или заедно заглавете се во тоалетот на некоја здодевна забава.

Апологетскиот секс е водење љубов по голема расправија. Откако бурата исчезнала, сакате само да ја искинете облеката еден на друг и да се смирите со еден страстен секс. Сексот креира состојба во која сте подготвени да ги разрешите несогласувањата и конфликтите. Овој секс треба да биде на врвот на сексуалната пирамида кај жените.

Преземањето на водството во сексот покажува дека точно знаете што сакате и не застанувате додека не го добиете. Иницијативата во креветот е сјајна прилика да ги изразите своите желби. Пред да станете „генерал“ во спалната соба, замислете како сакате да изгледа вашата доминација над партнерот. За некои тоа е само положбата во која жената е горе, а за некои тоа значат лисиците и темната лента преку очите на партнерот.

Соло секс бе притисок. Не постои партнер, нема притисок, само вашата жива фантазија и можеби некој добар апарат кој работи на батерии. Мастурбацијата не е резервирана само за „сувите“ денови кога вашиот партнер е на пат. Таа го редуцира стресот и помага да го упатите партнерот во вистинската насока кога ќе играте тимски во креветот. Во мастурбирањето нема ништо валкано или обвинувачко, не го изневерувате партнерот, туку тоа е само уште една добро урамнотежана сексуална исхрана.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag