Селена Гомез е повторно заљубена: Поп-пејачката “му фрлила око” на познатиот кошаркар!
Со молскавична брзина се проширија гласини дека 28-годишната пејачка Селена Гомез е повторно заљубена откако беше снимена на вечера со кошаркарот на Мајами Хит, Џими Батлер.
Како што е откриено на Инстаграм профилот Deuxmoi, каде често се објавуваат озборувања за познатите личности, Селена Гомез е снимена на вечера со 31-годишниот Џими Батлер, по што се појавија гласини дека 28-годишната пејачка е повторно заљeубена.
Беше објавена снимка на екранот на социјалните мрежи од еден корисник, кој тврди дека слушнал од келнерите во францускиот ресторан Lucien во East Village ги угостиле Селена Гомез и кошаркарот минатиот месец, додека друг тврди дека биле видени на вечера што наликувала на романтична прошетка.
Батлер зад себе има врска со манекенката Кејтлин Новак, со која ја има и едногодишната ќерка Рајли, додека Селена Гомез, како што призна во едно интервју во септември годинава, дег го ставила во мирување својот љубовен живот поради пандемијата на корона вирусот.
Нејзината најпозната врска е со Џстин Бибер, а покрај него, пејачкат се дружеше и со Орландо Блум и The Weeknd.