Selena Gomez продуцираше филм кој би можел да биде во кината за месец дена: Ќе биде еден од првите по попуштањето на мерките

popara11 јуни, 20201min00
selena

 Кината во САД беа затворени од средината на месец март, а 554 од нив се отворија минатата недела.

Новиот филм чија извршна продуцентка е Selena Gomez, би можел да биде еден од првите кои ќе се прикажуваат во американските кина, откако ќе се попуштат мерките настанати поради корона вирусот.

Филмот се вика “The Broken Hearts Gallery”, а во кината би требало да стигне на 10ти јули, пишува Variety.

Режисерка е Natalie Krinsky, а улогите ги толкуваат Geraldine Viswanathan, Dacre Montgomery, Utkarsh Ambudkar, Molly Gordon, Phillipa Soo, Suki Waterhouse, Arturo Castro, Ego Nwodim, Taylor Hill i Bernadette Peters.

“Потребно е да се чуе повеќе од женските продуценти и сценаристи. Natalie е неверојатно талентирана и среќна сум што ќе бидам дел од нејзиниот дебитантски филм. Сфаќам дека луѓето се загрижени околу враќањето на активностите кои ги правевме пред COVID-19. Се надевам дека сите ќе ги слушаат препораките на здравствените работници и ќе ги земат здравјето и сигурноста на другите во предвид додека уживаат во гледањето на филмот во кината”, кажа Gomez.

JustJared пренесува дека од средината на март месец кината на територија на САД се затворени. 554 од нив повторно се отворија минатата недела со мноштво отварања оваа недела кои ќе се случат во Калифорнија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag