Северина објави фотографии во летно издание на Инстаграм, па доби многубројни комплименти и пофалби од своите следбеници.
Откако ги замолкна гласините за развод со сопругот Игор Којиќ и ја сподели нивната заедничка фотографија на нејзиниот профил на Инстаграм, Северина со обожавателите сподели неколку безгрижни летни изданија во кои е снимена од нејзината пријателка Соња Дворник.
„Преубава Севе“, „Одлични фотографии“, „Воодушевена сум, само така продолжи“, „Прекрасна“, „најубава“, „Убава до болката“, „Убава си убава, ангелу мој“ рекоа нејзините следбеници.
И по неколкумесечното молчење и бројните гласини за кризата во нивниот брак и написите за разводот, Северина објави заедничка фотографија со сопругот Игор Којиќ на Инстаграм.