Шега на своја сметка: Блејк Лајвли се пофали со своето запуштено карантинско издание

25 декември, 2020
1375221


Лајвли минатиот викенд ги почести своите верни обожаватели на Инстаграм со нејзината нефилтрирана фотографија додека искрено се шегуваше на сметка на занемарениот изглед во карантин. Иако ѕвездата од серијата „Gossip Girl“ го истакна своето свежо и негувано лице на гореспоменатата фотографија, беше тешко да не се забележат јазлите формирани во нејзината долга руса коса.

tportal


„Копирај го овој изглед, издание во 2020 година“, напиша Лајвли заедно со објавената фотографија на која го додаде логото на италијанското издание на модната библија „Вог“ за да создаде импровизирана корица на списанието со нејзиниот лик. Иако низ годините неколку пати имаше можност да ја украси вистинската насловна страница на магазинот Вог, таа и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс често се шегуваат на социјалните мрежи на свој трошок, забавувајќи ја на тој начин нивната армија обожаватели.