
Пејачката дива Шер, која отворено признава дека верува во живот после смртта, тврди дека духот на нејзиниот покоен поранешен сопруг постојано се појавува во нејзиниот живот.
Пејачката не само што верува во животот после смртта, туку верува и дека духот на нејзиниот покоен партнер Сони доаѓа во нејзиниот дом и прави шеги со неа, преместува мебел…
„Кога ќе се појави неговиот дух, во мојата куќа има „Light-show““, вели Шер.
„Знам дека ми се шегува бидејќи неговиот дух го осветлува кристалниот лустер што го имаме во најчудните моменти. Кога нема струја во куќата, мојот лустер се пали“, додаде пејачката.
На неа духот, вели, не ѝ пречи.