Кафе со колегите
Ништо не може да го замени кафето набрзинка со колегите, на кое се поминуваат најважните приватни теми, или се оговараат шефовите. Тоа е еден вид бесплатна психотерапија.
Симпатија на работа
Децата кои имаат симпатии на училиште се радуваат кога одат на часови, а исто е и со вработените. Многу љубовни врски се имаат родено на работа, а пандемијата во моментов разделува многумина
Промена на атмосфера
Иако одењето на работа со јавен превоз знае да биде фрустрирачко, сепак тоа е прилика да се почувствува пулсот на градот. Исто така, прошетката по напорен работен ден може да биде релаксирачка.
Сите приказни
Кога си доаѓате од работа можете да зборувате со домашните за сè што ви се случило на работа: сте запознале некој, некој честел за роденден, сте се посипале со кафе, автобусот фатил зелен бран…
Светоста на домот
Некои луѓе не сакаат да ја носат работата дома, бидејќи домот им е оаза на мирот. Има и такви кои не сакаат нивните домашни да им го видат нивното друго, службено лице.
Дотерување и шминкање
Многумина уживаат во подготовките за на работа и сакаат да изгледаат убаво пред колегите и клиентите. Тоа е и прилика да се искоментираат модните трендови со колегите и да се разменат совети за шопинг.