Бидејќи овие денови повеќето од нас седат дома, носењето на шминка е личен избор, бидејќи шминкањето го правите за себе, а не за некој друг.
Без разлика дали ставањето кармин ќе направи да се почувствувате помоќно, или маскарата ќе ве мотивира повеќе во денот, линијата меѓу грижата за себе и шминкањето станува сè потенка- за многу луѓе, тоа е исто.
Ако некој ја разбира моќта на шминката, тоа е мејк ап артистот Сер Џон, кој се грижи за шминката на многу познати личности. Како некој кој стои зад најубавите појавувања на Бијонсе, тој многу добро знае како да се истакне природната убавина кај жената. Тој не се согласува дека шминката треба да биде сосема исклучена за време на социјалното дистанцирање.
Напротив, тој ги охрабрува луѓето да ја користат шминката и за дома, како начин на грижа за себе, а на тој начин тој собира и средства за фондот за поддршка на креативци- Support Creatives.
Тој ова го нарекува убавина со цел.