Што ако умре во рингот, ова не е нормално!

popara2 јуни, 20202min00
majk-tajson

Враќањето на Мајк Тајсон во рингот е само прашање на време. Тој на големо се подготвува, иако има 53 години и вели дека е во подобра форма од било кога, што снимките и фотографиите кои ги објавува тоа и го потврдуваат. Се чека само избор на противник, а најчесто се споменуваат две имиња.

Од една страна тука е легендарниот и уште постар Ивандер Холифилд (57), а второто име е она на 20 години помладиот Тајсон Фјури, моменталниот светски шампион во тешка категорија.

И додека целиот свет очекува борба, легендарниот британски боксер Дилијан Вајт има спротивно мислење.

„Ова е блесава работа, Мајк Тајсон може да умре во рингот. Зборуваме за борба на 31 годишен и 53 годишен боксер, а според мене тоа е нешто што нема смисла“ – изјавил Валт и додал:

„Што ќе се случи ако Мајк умре во рингот? И онака имаме многу црни моменти во овој спорт, не ни требаат повеќе. Во ред е да гледате како некој вежба на Instagram но борба од 12 рунди… тоа е нешто сосема поинакво. Во тоа доба телото ви вели едно, а паметот друго. Тој е легенда, жива легенда па нека остане тоа така“.

Вајд не навлегува во мотивите на Тајсон, но и не го интересираат многу.

„Не знам како Тајсон живее, што правел во минатото и сега. Можеби само сака да се тестира…Но постојат многу други, полесни, начини отколку враќање во ринг против помлад боксер кој е во полна сила и физички максимално спремен“ – заклучил британецот.

Неговото мислење не го делат многу, барем во јавноста, бидејќи фановите и боксерскиот свет со нетрпение ја очекуваат борбата на Тајсон и Фјури, со желба да видат како тоа ќе изгледа.

Се разбира заработката е на прво место, а во овој случај таа ќе е „дебела“ и за двајцата боксери.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma