Што да направите ако добиете убод од пчела, оса или стршлен?

popara20 јули, 20201min00
pcela

Природно е да поминуваме повеќе време надвор во текот на летото, но исто така е природно дека тогаш се активни разни инсекти, чии убоди можат да ни предизвикаат здравствени непријатности.

За среќа, тие се мали, претежно во форма на оток и чешање, но се случува да остават и потешки последици, особено кај луѓе кои се преосетливи на убоди од инсекти.

Еве што треба да знаете за овие убоди и што да направите ако ви се случат.

За почеток ладен облог

Околу местото на убод од прела, оса и стршлен, отокот брзо се развива. Обично покрива неколку сантиметри околу местото на убодот, и бидејќи притиска на нервите во отечената област, кожата почнува да се трне.

На местото на убодот треба да се стави ладна компресија што е можно поскоро, по можност парче мраз од фрижидерот, а ако тоа не е можно, барем чувајте го под млаз ладна вода.Ова треба да спречи ширење на отокот и трнење на кожата.  Исто така да се намали болката.

Бидејќи убодот може да предизвика алергиска реакција, се препорачува да нанесете лесна кортикостероидна маст на местото на убодот или да земете антихистаминска таблета.

Ако на овој начин отокот не се смирува, најбезбедно е да се јавите кај лекар за дополнителна терапија.

Убодот од пчелата отстранете го веднаш

Во случај на убод од пчела, потребно е веднаш да се отстрани убодот, бидејќи пчелата испушта многу отров во кожата и неговиот отров е силен алерген.

Најдобро е да го отстраните убодот со нокти, но треба да се внимава да не се притисне „ќесичката“ при отстранување, бидејќи отровот може да се излие во кожата и да остане во неа.

Убодот од оса и стршлен е помалку опасен од оној на пчелите. Ова ни се чини чудно, особено кога станува збор за стршленот, но точно е дека неговиот убод, иако е поболен, затоа што неговиот убод е подебел и подолг, така што продира повеќе во организмот и супстанцијата што ја лачи, предизвикува пецкање, но неговиот отров е помалку токсичен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag