Раде Шербеџија во еден од неговите објави на социјалните мрежи се сетил на Мирослав Крлежа, па открил дека и неговото име се нашло во тестаментот на познатиот хрватски писател.
– Крлежа е мојот свет. Една ноќ додека пиевме француски коњак во неговиот стан, тој ми рече:
– Мали, јас наскоро ќе умрам…Што сакаш да ти оставам?
– Па вие немате ништо, вие сте социјален писател.
– Што зборуваш…Имам пари, слики, авторски права…
– Добро, оставете ми го вашиот сив шешир Борсалино.
– Што ќе ти е мојот Борсалино?
– Па кога ќе умрете да можам понекогаш да ве прошетам во недела…
Во тестаментот по смртта на Мирослав Крлежа под точка број 5 стоело:”Мојот сив шешир Борсалино му го оставам на Раде Шербеџија”.