Што открива неговата бивша за него (и вашата врска)?

popara4 јуни, 20201min00
lj

Останатите се одлични пријатели, тврди дека таа е целосно луда или проколнува денот кога ја запознал?

Неговата бивша е ваша двојничка!

Секако дека го знаете името на неговата бивша, секако дека ве интересираше како изгледа таа, и секако дека погледнавте на нејзиниот Фејсбук и Инстаграм профил. (Без срам, сите малку шпионираме.)Останавте во шок. Уште на почетокот ви стана јасно дека сте физички доста слични.Како да сте сестри. Очигледно вашето момче има свој тип на девојки, а вие продолжувате да се прашувате дали е со вас само затоа што сте негов тип. Факт е дека е сосема нормално да “паднеме” на некој што е „наш тип“ на почетокот, но на крајот, она што нè тера да останеме заедно е личноста во која се заљубуваме откако ќе помине почетната привлечност.

Дијагноза: Нема простор за грижа!

Таа е тотално луда!

Не само го кажа тоа, туку и самата забележа дека тука нешто не е во ред. Ова е веќе алармантна ситуација и треба будно да се следи! Затоа што, ако во неговото минато има некои поранешни девојки кои се бесни на него дури и по неколку месеци/години и се надеваат дека тој ќе доживее болна и бавна смрт, а немаат официјална дијагностика, веројатно постои добра причина за тоа. Отворете ги очите, начулете ги ушите, испитајте сè што се испитува, и ако се заклучи дека тој навистина ги третирал како вистинско копиле, извадете ги розовите очила и разбудете се. Волкот го менува палтото, но темпераментот никогаш.

Дијагноза: Бегај и не гледај назад!

Тој всушност немал ниту една сериозна врска!

Знаеме дека е чудно, но не е баш невообичаено за некој што е во дваесеттите години да немал сериозна врска. Исто така,тоа не значи ништо лошо. Всушност, кога ќе размислиме за тоа малку подобро, тоа е супер затоа што значи дека како фин, миризлив, нов пластелин, можете да го обликувате по ваш вкус, на начинот на кој ви одговара. Шега настрана, единствениот недостаток на овој човек е тоа што тој веројатно нема многу или било какво искуство.

Дијагноза: Вложи време и напор и научи го најдобри трикови!

Нејзината бивша му е сè уште одличен пријател по раскинувањето!

Знаеме дека овој факт не ве воодушевува, но реално, многу е подобро што тој останал во добри односи со својата поранешна,отколку да бега од неа како ѓавол од крст. Ако сè уште имате сомнежи за точната природа на нивната врска, обрнете внимание пред се на тоа како се однесува со вас. Ако му е навистина драго во ваше присуство, не ве игнорира и можете да разговарате со него сосема природно, тогаш сè е добро. Ако, од друга страна, тој е студен и не ви обрнува доволно внимание, дефинитивно сепак чувствува нешто за неа. Најцрното можно сценарио е она каде што тие се одлични пријатели, но тој не сака да ве запознае со неа.

Дијагноза: Ако неговото однесување не ве нервира, опуштете се, уживајте и верувајте му!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma