Камила Кабело и Шон Мендес за време на карантинот од корона вирусот, го поминуваат нивното време учејќи се еден со друг нови вештини.
Хавана пеачката од своето момче добива бесплатни часови по гитара, учејќи го шпански за возврат.
Објавувајќи фотографија од себеси покрај базенот, држејки гитара Камила напиша: „Шон ме учи ова и јас го учам шпански …“
Хитмејкерите на мегахитот „Señorita“ во моментов се во карантин во нејзината куќа во Мајами, Флорида. Кабело неодамна признала дека таа секој ден го започнува со медитација.
„Медитацијата ми го смени животот во последните неколку месеци“, им рече таа неодамна на фановите. „Јас не го споделував ова со вас момци во тоа време затоа што искрено се обидував да бидам добро, но доживеав сериозна вознемиреност.
„Вежбав секој ден повеќе пати на ден и тоа ме лекуваше, повеќе отколку што ми помагаше да управувам со силни емоции како вознемиреност и стрес, вежбањето ме прави подобар човек“.
Камила сеуште се опоравува од тоа што мораше да им каже на своите приврзаници дека ќе мора да ја одложи нејзината „Romance“ турнеја поради моменталната пандемија на коронавирусот.
„Јас сум навистина скршенa што морам да ви соопштам дека решивме да ја одложиме турнејата“, објасни таа во вторникот (24 март 2020 година).
„Не можеме да започнеме со проби без да ги ставаме луѓето во опасност и со оглед на тоа дека сеуште не знаеме кога ке заврши оваа ситуација, сметам дека ова е најодговорната работа што треба да се направи“.