ШТО ЗНАЕЛА ЦАРСКА РУСИЈА, НО НЕ ГО СПОДЕЛУВАЛА СО НИКОЈ?! СЕ ИЗЛЕЧИЛЕ ЧЕХОВ И ТОЛСТОЈ … А СЕГА МОЖЕТЕ ДА ГО ИМАТЕ ДОМА

popara11 јуни, 20201min00
medicina 2

Тајната на пијалокот кумис (ферментиран пијалок направен од млеко од кобили) ја чувале античките номади како зеница на окото, во буквална смисла, Скитите ги ваделе очите на оние кој ќе го објават рецептот.

Благодарение на овој еликсир, неуморната војска на Џингис Кан го освоила половина свет. Многу познати, вклучувајќи ги Чехов и Толстој, секој ден пиеле овој лек. Дури и денес, кумисот, т.е. ферментираното млеко од кобила, е високо ценет во Русија и Централна Азија како ефикасен лек против разни болести.

  • Гроф во шатор

Пред 150 години, висок странец со брада се попјавил во селото во близина на рускиот град Самара. Изнајмил волнен шатор на местото каде што живееле Башкирите – потомци на антички номади. Неписмените селани немале идеја дека овој новодојденец, кој живеел во обичен шатор, јадел наједноставна храна и се дружел со сиромашните, бил грофот Лео Толстој, познатиот руски писател. Толстој бил болен, имал постојаната кашлица. Затоа решил да се лекува кај Башкириците, кои го сочувале рецептот за античкиот лек за исцелување – кумис. Писателот закрепнал брзо и бил толку импресиониран од кумисот што купил имот во близина на Самара и ги зел Башкириците кај себе за да му прават од чудесниот пијалок секој ден. Во тоа време, кумисот станал вистинска сензација во Руската империја, благодарение на скромниот провинциски доктор Нестор Постников. Лекарот од Самара постигнал неверојатни резултати во третманот на најопасната болест од 19 век – туберкулоза, против која се борел со помош на млекото од кобили.

  • Млечно вино

Кумисот е еден од најстарите и најздравите пијалоци, познати на човештвото. Според археолозите, луѓето правеле кефир од млекото од кобила во неолитот пред 5,500 години. Грчкиот историчар Херодот во своите списи го спомнал кумисот како омилен пијалок на скитските племиња, кои строго ја чувале тајната на еликсирот. Скитите ги казнувале своите сонародници, кои им ја откривале тајната на странските „шпиони“, на многу суров начин – на предавниците им ги ваделе очите.

Долги  векови, само номадите знаеле да направат кумис. Тие истурале млеко од кобили во кожна кеса, на која додавале суво грозје, брашно, мед и малку стар кумис. Пијалокот постојано се мешал и мател. Ова е првото правило на античката „технологија“, што досега не се сменило. По неколку дена ферментација, млекото се претварало во освежувачки газиран пијалок. Кумисот содржи одреден процент алкохол, поради што го добил името „млечно вино“.

Марко Поло, кој поминал 17 години во служба на внукот на Џенгис Кан, напишал за „млечното вино“ во својата книга. Тој истакнал дека непобедливите монголски воини пиеле само од овој пијалок. Номадските освојувачи го донеле својот еликсир во Русија во средниот век. Но, Русите не го сметале кумисот за лек сè до 19 век, кога д-р Посников ги открил лековитите својства на поткиселеното млекото од кобила.

  • Како да спремите кумис

Направете мешавина од две чаши брашно од пченица, две лажици просо, една лажица мед и една лажичка пивски квасец. Прелијте ја смесата со две чаши млеко од кобила, добро измешајте и оставете на топло место да се скисели. Потоа ставете ја скиселената маса  во кеса од газа прелијте ја со пет литри млеко од кобила. Чекајте да отстои на топло место 24 часа. За ова време, промешувајте го пијалокот што е можно почесто. Кога кумисот ќе добие пријатен кисел вкус, ставете го во шишиња, затворете го и ставете го во фрижидер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma