Сигурен пат за крај на вашата врска или брак

popara1 јуни, 20201min00
Screenshot_2020-05-31 Siguran put koji vodi do raspada veze ili braka

Прекинот на врските кои ни се блиски често знаеме да ги искоментираме, но всушност не знаеме што навистино се случило меѓу четирите ѕида и што довело до крај на врската, но најчесто ова се некои од причините поради кои доаѓа до прекин на врската или бракот.

Недостаток на комуникација – партнерите треба да разговарат за добри и лоши работи, она што го ценат еден кај друг но и она што ве лути кај другиот. Емоциите, а посебно негативните можат да направат проблем кога не разговарате за нив. Истотака недостатокот на интима може да предизвика крај особено ако разговарате за проблемите со своите пријатели, а не со својот партнер.

Неизкажувањето на љубов и наклонетост – во секоја врска доаѓа до период на монотонија, но тоа не мора да е досада туку и двајцата сте поопуштени. Но романтиката не треба да има рок на траење, немојте да ја земате врската здраво за готово туку од време на време вратете се на почетокот на врската кога едноставно сте сакале да се импресионирате еден со друг.

Недостаток на разбирање – кога веќе не сте приситни едни за други, кога ќе престанете да ги правите малите но важни работи кои го прават овој живот поубав. Една искрена насмевка, допир полн со љубов, убав збор, да покажете на некој дека не мора да биде сам. Врските завршуваат кога празнината помеѓу вас и парнерот ќе стане толку голема да имате чувство дека сте сами. Врските завршуваат кога ќе престанете да си недостигате еден на друг бидејќи ви недостига вашата независност.

Избегнување на ранливоста – кога не му го покажувате вистинското лице на партнерот, своите стравови, несигурности. Врските завршуваат кога вашиот партнер познава само една ваша страна, кога не му давате пристап до оној нежен и осетлив дел од вас. Оној дел кој не сте му го покажале никому, оној дел кој може да ве повреди. Врските завршуваат кога се плашите да му покажете колку ви е потребен и дека не може да си го замислите животот без него, кога егото станува посилно и поважно од вашето срце.

Понекогаш врските завршуваат бидејќи не им е судено, од погрешни причини, поради тврдоглавоста и горделивостса на луѓето кои премногу се плашат, се затворени и не пуштаат никого до нивното срце. Некои врски завршуваат бидејќи се тешки, но никој не рече дека ќе е лесно и едноставно. Тоа можеби се нашите очекувања и можеби тоа е она што на крај ќе уништи се. Врките завршуваат кога ќе дозволите крај без борба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag