Веќе ја видовме фотографијата на Владимир Путин на цистерна, маици, меѓу графитите … но сепак невестата во венчаница ги надмина сите.
Имено, на една свадба, најверојатно во Русија, беше овековечена фотографија во која еден постар човек, кога веруваме дека е нејзиниот татко, ја држи раката на невестата.
Фотографијата, на која, покрај тие двајца, можат да се видат и некои гости, не би била невообичаена доколку не постоеше сликата на Претседателот на Руската Федерација насликата по целата должина на венчаницата. Покрај тоа, невестата носи и златна круна.
Јасно е кој има приоритет во животот на младите дури и во вакви важни моменти, а со ваков аутфит, таа дефинитивно ќе биде запаметена низ целиот свет.