Од почетокот на пандемијата, пријавени се повеќе од десетина симптоми на Ковид-19, вклучувајќи сува кашлица, треска и губење на вкус или мирис. Но, медицинските експерти од Соединетите држави им порачаа на мажите да бидат „на штрек“ откако 37-годишниот пациент беше примен во Одделот за итни случаи со оток и „непријатност“ во скротумот. Пациентот ја поминал ноќта во болница кога му биле препишани антибиотици и лекови против болки. После тоа, тој беше испишан, а во извештајот се вели дека болката во тестисите се намалила, но не беше кажано дали неговата состојба се подобрила во следните недели.
Лекарите од Конзорциумот за здравствено образование во Сан Антонио во Тексас изјавија дека вирусот му ја оштетил спермата. Тие предупредија дека штетата предизвикана од Ковид-19 може да има „идно влијание врз плодноста кај мажите“. Претходно беа забележани слични извештаи за болка во тестисите кај пациенти со Ковид-19, но немаше очигледен доказ. Експертите се надеваат дека подигањето на свеста за нив ќе им помогне на другите лекари „навремено да ја препознаат оваа болест и да започнат соодветен третман, карантин и мониторинг на плодноста“.